Свет

Повторно воспоставен сообраќајот преку Суецкиот канал

30.03.2021 15:47

Египетскиот претседател Aл-Сиси им се заблагодари на спасувачките екипи за нивните напори во ослободувањето на 400-метарскиот брод што заглави во водата. И покрај ретката несреќа, Ал-Сиси ја истакна важноста на каналот во светското бродарство.

По еднонеделна блокада повторно е воспоставен водниот сообраќај преку Суецкиот канал. Првите бродови пловеа од езерото меѓу северните и јужните краци на каналот, каде беа блокирани 45 брода. Египетскиот претседател Aл-Сиси им се заблагодари на спасувачките екипи за нивните напори во ослободувањето на 400-метарскиот брод што заглави во водата. И покрај ретката несреќа, Ал-Сиси ја истакна важноста на каналот во светското бродарство.

Сакам да ви се заблагодарам за вложените напори и сјајната улога што ја одигравте. Тоа беше угледна претстава во која демонстриравте големо искуство и можности. Што се однесува за други алтернативи за Суецкиот канал за кој се зборува и слично, одговарам со не- ова е глобален пловен пат за меѓународна трговија“, нагласи Абдел Фатах Aл-Сисипретседател на Египет.

Низ каналот минува и до 20 насто од светската трговија меѓу истокот и западот. Блокадата што ја предизвика „Евер гивен“- еден од најголемите товарни бродови во светот, предизвика материјална штета што се мери во милијарди долари дневно во поморската трговија. Причините за несреќата сѐ уште се непознати, но експертските тимови што се качија на бродот, треба да го дадат одговорот и да ја утврдат причината- зошто пловилото се насукало во теснецот.

 

Бојана Крстевски