Дали е безбедно да се патува во Истанбул?
Циркулирајќи низ повеќе места во градот, може да се забележи дека иако не со истиот интензитет како пред 12 месеци и со некои нови правила кои се прифатени од жителите и туристите, Турција и Истанбул, се враќаат во нормала...

Во текот на изминативе месеци, Турција имплементираше различни рестриктивни мерки и одлуки со цел да го намали бројот на позитивни пациенти заразени со вирусот КОВИД-19. После неколку неделелно и целосно затворање на целата држава, од 1-ви март 2021-ва, дел од овие ограничувања се променети. Со цел да се постапува според потребите на регионите, Турција издаде мапа на која се одбележани зони со раличен степен на ризик: низок, среден, висок и многу висок, кои се претставени со сина, жолта, портокалова и црвена боја. Така, во секоја провинција се спроведуваат соодветни мерки. Оваа мапа се менува на секои две недели.
Полицискиот час, од 19 до 05 часот, се уште е на сила, но оваа мерка не важи за туристите кои се неограничени во слободата на движењето.
Циркулирајќи низ повеќе места во градот, може да се забележи дека иако не со истиот интензитет како пред 12 месеци и со некои нови правила кои се прифатени од жителите и туристите, Турција и Истанбул, се враќаат во нормала.
За да патувате во Турција, неопходен ви е ПЦР тест, кој е направен најмногу 72 часа пред патувањето. Новина е задолжителниот онлајн формулар со податоци за вас и вашиот престој во државата, кој исто така треба да се пополни 72 часа пред пристигнувањето. Со пополнување на формуларот, автоматски се добива така наречениот ХЕС код, попоуларна дигитална алатка која се користи во процесот на заштите од пандемијата. Овој код, воедно може да се поврзе со картата наменета за туристите во Истанбул, со која се добиваат многу поволности при посета на културно-историските места и при превозот.
Доколку се симне апликацијата ХЕС код на мобилен уред, преку вклучен блутут, лесно се добиваат информации доколку во близина има ризично лице, а доколку туристите сакаат да влезат во кафетерија, ресторан или во шопинг мол, на влезот ќе го побараат вашиот Хес код од каде ќе ги добијат податоците за тоа дали вашето здравје претставува опасност за околината.
Како изгледа животот во овој динамичен град по излегувањето од локдаунот?
Жителите на Истанбул се вратија на своите работни места и секојдневието полека се нормализира. Носењето маски на улиците е задолжително, како и при користење на јавен транспорт, кога се влегува во продавница, кафетерија или во некоја институција.
Во популарните населби, преполни со пабови, сендвичари слаткарници и мали продавници, во кои секојдневието е прилично активно, речиси се е отворено, а жителите слободно се движат.
Првиот слободен викенд кој беше на 6-ти март, покажува дека луѓето не можат да ја скријат радоста од слободното движење. Една од главните туристички области, плоштадот Таксим, улицата Истиклал и кулата Галата, е зона на активност и раздвиженост. По неколку месеци, повторно може да се видат преполни улици и како секојдневието полека се нормализира. До неодамна празни и затворени, населбите пред пандемијата вообичаено беа преоплни со посетители кои ја создаваа впечатливата динамичност на Истанбул. Иако не со истата фрекфенција, веќе се забележуваат раздвижени жители, локално население кое се дружи во некое од маалските места, но и туристи кои пазарат.
При користењето на фериботовите, постојано некој од персоналот ги проверува патниците дали ги носат маските, предупредувајќи ги оние кои не го следат правилото. Една од новите мерки е дека раестораните може да примат само 50% од капацитетот.
Покрај брегот се забележуваат бројни семејства, кои дошле да го поминат попладнето во глетката која ја нуди Босфор, сончајќи се и уживајќи во некој од домашните специјалитети, опуштајќи се од едногодишниот стрес предизвикан од пандемијата.
Билјана Жеревска
