Ковид-19
Можно е ЕУ да почне да се снабдува со руската вакцина „Спутник“
31.03.2021 09:57
14 земји бараат втора фаза од испитувањето на потеклото на вирусот...

Рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел и лидерот на Франција Емануел Макрон разговараа за можно снабдување на ЕУ со руската вакцина „Спутник В“.
САД и уште 13 држави изразија сомневање во студијата на Светската здравствена организација за можното потекло на коронавирусот во Кина. Тие бараат втора фаза на испитувањето.
Според документот, вирусот веројатно бил пренесен од животно заразено од лилјак. Критичарите велат дека на кинеските власти им требало премногу време за дури во почетокот на годинава да пуштат во земјата тим експерти кој го формирала СЗО.
