Технологија

„Гугл мапс“ ќе ги насочува возачите по еколошки патишта

31.03.2021 11:34

„Гугл“ ќе почне да ги насочува возачите по патиштата кои најмалку предизвикуваат испуштање јагледор врз основа на сообраќајот...

Апликацијата „Мапи“ на „Гугл“ ќе почне да ги насочува возачите по патиштата кои најмалку предизвикуваат испуштање јагледор врз основа на сообраќајот, падините и други фактори, соопшти компанијата.

За околу половина од патиштата, ние сме во состојба да најдеме доволно еколошки податоци со минимално или никакво губење време, рече Расел Дикер – директор за производство.

Во соопштението се вели дека функцијата ќе биде покрената кон крајот на годинава во САД, а потоа и во други земји.