Блинкен: Компаниите да не соработуваат со фирми кои ја поддржуваат хунтата во Мјанмар

31.03.2021 10:59

Над 500 жртви во протестите против владеењето на војската...

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги повика меѓународните компании да ја прекинат соработката со фирми кои ја поддржуваат воената хунта на Мјанмар.

Асоцијацијата за помош на политичките затвореници соопшти дека безбедносните сили убиле најмалку 512 цивили. Стотици луѓе се водат како исчезнати. Војската ја презеде власта ја презедоа на први февруари.

Само на протестите во саботата загинаа 114 луѓе, меѓу кои и седум малолетни лица.