БРАЗИЛ
Болсонаро под притисок, воени шефови поднесуваат оставки
31.03.2021 12:02
Неговата популарност се намали драстично поради стратегијата за пандемијата со ковид-19. Бразил е меѓу земјите со најмногу починати.
Шефовите на бразилската војска, морнарица и воздухопловните сили поднесоа оставка бидејќи сметаат дека претседателот Жаир Болсонаро сака да наметне прекумерна контрола врз армијата.
Неговата популарност се намали драстично поради стратегијата за пандемијата со ковид-19. Бразил е меѓу земјите со најмногу починати.
Во понеделникот Болсонаро направи измени во владиниот кабинет откако министрите за одбрана и надворешни работи дадоа оставки.
