Фудбал

Шпанија, Германија, Италија и Холандија се пласираа во четвртфиналето на Европското првенство

31.03.2021 12:26

Холандија и Германија се пласираа во четвртфиналето од групата А, Шпанија и Италија од групата Б...

По завршување на натпреварите во текот на вчерашниот ден, познати се четири репрезентации кои се пласираа во четвртфиналето на ЕП за фудбалери до 21 година.

Холандија и Германија се пласираа во четвртфиналето од групата А, Шпанија и Италија од групата Б. Турнирот го напуштаат Романија, Унгарија, Чешка и Словенија.

Преостанатите патници во четвртфиналната фаза ќе бидат познати денес по комплетирањето на третото коло. Двојките се: Данска – Русија, Хрватска – Англија, Исланд – Франција и Швајцарија – Португалија.