Еурофарм Пелистер елиминиран од ЕХФ ракометната лига

31.03.2021 12:35

Битолчани на гостувањето кај бундеслигашот одиграа борбено, подобро отколку во првиот натпревар...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги завршија натпреварите во европската ракометна лига откако вечерва во Магдебург беа совладани од истоимената екипа со 35:24 (14:9).

Битолчани на гостувањето кај бундеслигашот одиграа борбено, подобро отколку во првиот натпревар. Најдобри на теренот беа голманите на двете екипи, односно Тулин кој имаше 12 интервенции и Чаневски кој забележа 9 одбрани, а според постигнатите голови поеднакво се истакнаа Клуге во тимот на Магдебург и Мандалиниќ во тимот на Еурофарм Пелистер затоа што обајцата постигнаа по 7 голови.