Дипломатија

Османи: Односите со Бугарија се на најниско ниво досега

31.03.2021 14:05

Односите со Бугарија се на најниско можно ниво досега, оценува шефот на македонската дипломатијата Бујар Османи. Според него, ваквата состојба е главно последица на предизборната кампања кај нашиот сосед, за чија што реторика не би коментирал повеќе...

Односите со соседна Бугарија се на најниско можно ниво досега- оценува шефот на македонската дипломатија Османи. Според него, реториката на бугарските политичари во земјата и во европските институции се последица на изборната кампања. Тој истакна дека не би сакал да биде вовлечен во било какво коментирање. Напротив ќе се фокусира на дипломатската офанзива во пресрет на јунскиот Самит на Унијата.

Во Министерство за надворешни работи беа презентирани проектите на Француската Агенција за развој. Министерот Османи истакна дека неодамна потпишаниот договор со оваа Агенција претставува дополнителна поддршка во достигнувањето на европските стандарди и е силен сигнал за зајакнување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Франција.

Францускиот фонд преку Агенцијата за Западен Балкан изнесува 14 милијарди евра, а во земјава има интерес за вложување во енергетиката, јавното здравство, образованието, урбаниот развој, животната средина и транспортната инфраструктура.

 

Марина Стојанова- Тонева