Притисок врз Москава по дипломатски пат
САД и ЕУ остануваат на санкциите како метод за притисок врз Русија по анексијата на Крим. Американскиот претседател Обама исклучи каква било можност за испраќање војска во Украина. Наместо тоа, ќе врши притисок врз Москва на дипломатскиот фронт.
„Нема да се вовлечеме во воена екскурзија во Украина. Ќе ги мобилизираме сите дипломатски ресурси за силна меѓународна коалиција што ќе прати јасна порака – дека Украина треба сама да одлучи за својата судбина“, изјави претседателот на САД, Барак Обама.

Според Обама, дури и Украинците би признале дека американска воена акција со Русија не е добра за Украина. И властите во Киев се залагаат за мирно решение на кризата во рамките на дијалог во Обединетите нации, но генералниот секретар на НАТО изрази загриженост дека руската интервенција на Крим е дел од поширока стратегија и дека Москва може да ја прошири акцијата.
„Ова е повик за будење на атлантската заедница, НАТО и на сите што се залагаат за цела Европа, слободна и мирна“, рече Андерс Фог Расмусен, генерален секретар на НАТО.
На новата седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, земјите членки ја отфрлија руската анексија на Крим како незаконска и побараа распоредување на меѓународни набљудувачи.
„Мултилатерален механизам за решавање на украинската криза може да се постигне преку нашиот предлог за формирање група за помош на Украина. Очекуваме одговор на нашата конструктивна иницијатива“, изјави Виталиј Чуркин, постојан претставник на Русија во ОН.
„Русија е позната по книжевната величина. Ова што го слушнавте од рускиот амбасадор е поимагинативно од Толстој и Чеков. Русија ги прецрта границите, но не може да ги прецрта фактите“, вели Саманта Пауер, постојан претставник на САД во ОН.
Русија доби поддршка од аргентинската претседателка Кристина Киршнер, која ги обвини САД за двојни стандарди во однос на нејзината земја има сличен спор со Велика Британија за Малвинските острови. Шефот на Руската дипломатија Лавров соопшти дека за оваа недела ќе биде официјализирано припојувањето на Крим. Лидерите на Европската унија денес ќе одлучуваат за санкциите против Русија.
Ивана Салтировска