Заев: Интензивно ќе работиме за да постигнеме трајно решение за државјанството

31.03.2021 14:12

Наредниве денови интензивно ќе работиме за да постигнеме трајно решение за државјанството, кое е во согласност со европските регулативи, изјави премиерот Заев по средбата во Собранието со претставници на партиите Алијанса и Алтернатива.

„Верувам дека во следните неколку дена интензивно ќе работат службите, пред сè јавната администрација и извршната власт, којашто денеска беше овде претставена, за да ги разгледа и разбере сите овие предлози кои ги дадоа двете опозициони партии АА и Алтернатива. Но, исто така очекувам да ги согледаат сите аргументации коишто беа дадени од соодветните министри во делокругот на оние предлози кои беа дадени од страна на извршната власт. Така на тој начин ќе потврдиме сите, дека сме за трајно решавање за оние наши граѓани кои немаат државјанство да добијат државјанство, а притоа тоа да биде согласно европските конвенции за државјанство, согласно меѓународната регулатива за државјанство и согласно сето она што претставува одржливост на решенијата за државјанство“, изјави премиерот Заев.

Координаторот на коалицијата Алијанса и Алтернатива, Реџепи изрази увереност дека се на добар пат за создавање на законската рамка.