Охрид

Вакцинацијата во Охрид тече без никакви проблеми

31.03.2021 14:18

Во Охрид вакцинацијата започна утрото во осум часот и се тече без никакви проблеми. Засега се закажани термините за наредните десет дена при што треба да се имунизираат осумстотини лица над седумдесет и седум години...

Утрото на вакционалниот пункт на Здравствениот дом од Охрид започна имунизацијата на лица чија возраст е над 77 години.

Вакцинацијата во Охрид се одвива во строго организиран процес со почитување на сите мерки и протоколи за заштита од Ковид-19. Во првите 10 дена според закажаните термини овде на овој вакцинален пункт ќе се вакцинираат 800 лица.

Вакцинацијата се одвива без никакви проблеми, се чека најмногу минута, две, а повозрасните граѓани се пример како треба да се однесуваме во вакви ситуации.

„Доаѓа пациентот се прегледува, се заверува, се проверува дали е на листата за вакцина со термин, си го прегледува доктор  после тоа се аплицира вакцината. Во чекалната под опсервација се 10 до 15 минути, за оние за кои што ќе одлучи докторот се со 30 минути“, изјави Д-р Соња Мариноска, раководител на служба за превентива при Здравствен дом Охрид.

Граѓаните се задоволни што започна вакцинирањето бидеќи ќе го заштитат своето и здравјето на најблиските.

„Се ми објаснија кога дојдов, што треба да правам, како треба да правам, се е убаво, готово. Сега да одморам и ќе си одам.

Многу добро се чуствувам и решив да дојдам меѓу првите што се вика и заради своето здравје и заради домашните, околината, со луѓето да не им наштетам“, изјавија граѓаните.

Како и во сите градови така и во Охрид вакциналниот пункт ќе работи двосменски од 8 до 20 часот.

Сашо Нелоски