Антикорупциската комисија ја разреши генералната секретарка
Антикорупциска комисија ја разреши генералната секретарка Розета Трајан. Антикорупционерите работеа по предмети од областа на судството, адвокатурите, социјалната помош, урбанизмот, фондот за иновации и на злоупотреби со лиценците во шумарството. Беа изречени санкции и јавни опомени...

Антикорупциска со шест гласа „за“ и еден „против“ ја разреши генералната секретарка на институцијата Розета Трајан. На седницата претседателката Ивановска посочи дека ова следува по барање на секретарот. Трајан се збогува со членовите на Комисијата, а Ивановска посочи дека е добро што се одлучила на овој чекор заради изгубената доверба.
Чинот се прокоментира како пресметка околу стручноста и способноста на Комисијата. До изборот на нов генерален секретар, Ирена Поповска ќе ја врши оваа функција.
Антикоруционерите го објавија извештајот за 2020-та која, иако најтешка, за нив била многу успешна. Од 650 предмети сработиле 606, од нив 178 биле за корупција, 157 за судир на интереси. Најголеми повреди имало при вработувањата.
Органите прифатиле 31 % од иницијативите и постапиле по нив, за исто толку се уште нема одговор. Од укажувачите од 6, еден предмет е во работа.
Фиљана Кока
