Словенија ја повтори заложбата за почеток на преговорите на земјава со ЕУ
Вицепремиерот Димитров е во Словенија. Официјална Љубљана ја повтори заложбата за почеток на преговорите на земјава со ЕУ. Димитров и Логар разговарале и за претстојното словенечко претседавање со унијата каде што проширувањето е високо во агендата...

Словенија е за почеток на преговорите на Македонија со Европската унија, изјави словенечкиот министер за надворешни Логар по средбата со вицепремиерот за европски прашања Димитров. Двајцата соговорници разговарале за реформите потребни за европската интегација, како и за приоритетите на претстојното словенечко претседавање со унијата, но и за проширувањето што котира високо во на словенечката агенда.
Го решивме проблемот со Грција, чекавме нова методологија, а сега пред нас е предизвикот со соседите од Софија, оцени Димитров. Тој од Љубљана порача дека Словенија била и е голем пријател на Македонија.
Димитров во Словенија се сретна и со претседателот Борут Пахор, со претставниците на Комитетот за европски работи во словенечкиот парламент и со пратениците на Комитетот за надворешна политика.
Марија Котовска
