Целосно ќе се обнови и заштити куќата на Васил Главинов

20.03.2014 10:31

Со перформанс во кој беше претставен животот на Васил Главинов, во неговиот роден Велес беше одбележан двоен јубилеј -145 години од раѓањето и 89 години од смртта на првиот социјалист на балканот. Неговата родна куќа наскоро целосно ќе биде обновена и заштитена...

Во родната куќа на Главинов  како времето да застанало на оние години кога тој ги споделувал социјалистичките идеи и го организирал работничкото движење. 

Нејзината вредност како историски музеј е огромна. Затоа министерството за култура ја започна постапката за откупување на вториот дел од неговата родна куќа. До крајот на оваа година таа ќе биде во сопственост на општина Велес.

„Целта е сите оние автентични кои се споменци да  културата да се откупат и да се стават во функција на што поголема туристичка посетеност и од нашите граѓани бидејки сето тоа е наша историја наш идентитет“, рече Елизабета Канческа- Милевска, министер за култура

За општината ова е мошне значајно, зашто значајно , зашто  заедно со спомен куќите на Јордан Хаџи Константинов Џинот и на Касапови, создаваат извонредна можност за поагресивна  промоција на старата велешка архитектура

„Васил Главинов ќе ја реставрираме и ќе ја доправиме, ќе обезбедиме и континуирано да има содржини , кои ќе бидат со годишни планови  однапред предвидени за да се  реализираат, рече Чадиев.

Перформансот што  го прикажаа ученици од основното училиште кое го носи името на социјалистот  Васил Главинов, во иднина  ќе се изведува при најавени  туристички посети на оваа спомен куќа.

 

Дијана Иванова