Вакцинацијата во тетовско започнува во петок, расте бројот на хоспитализирани
Од петок започнува вакцинацијата на населението од тетовско на возраст над 77 години. Ќе се вакцинираат на вакцинален пункт во дворот на Здравствениот дом Тетово. Во меѓувреме, растот на инфицирани и хоспитализирани пациенти од Ковид- 19 во овој регион не се смирува. Се бара место повеќе во Клиничката болница Тетово, а пуштањето на модуларната болница во употреба и натаму се одолжува...

До денес во Здравствениот дом Тетово испратена е пратка од 800 вакцини од „АстраЗенека“, наменета за група на пациенти над 77 години. Диструбицијата на вакцините ќе продолжи сукцесивно, според пријавените граѓаните за имунизација, чиј интерес во последно време е доста голем.
Д-р Трифуновска советува- пред секоја имунизација пациентите да се консултираат со матичен лекар.
Во меѓувреме расте бројот на инфицирани и хоспитализирани пациенти со Ковид- 19. Вирусот не бира, има и доста млади заболени.
И додека се бара болнички кревет повеќе, пуштањето во употреба на модуларната и натаму се одолжува. И денес со ветување дека од наредната недела овој објект ќе биде функционален.
Модуларната се наоѓа во кругот на Клиничката болница Тетово со капацитет за 36 пациенти.
Зоран Димовски
