Потребна е стратегија за економски развој на северозападна Македонија
Државните институции,универзитетите и стопанските комори преку заедничка соработка забрзано да ја развиваат економијата, сметаат експертите. Потребна е заедничка стратегија која ќе им помогне на бизнисмените, но и на граѓаните...

Искористување на природните и човековите ресурси, како и поддршка за малите бизниси. Ова, според експертите, треба да биде дел од стратегијата за економскиот развој на северозападна Македонија. Поголемо внимание треба да се посвети и на зголемувањето на извозот.
„Извозот е една гранка на која треба да и се даде доста важност. Развојот на нашата економија би требало да се базира и на во овој сегмент“, смета Насер Селими – Универзитетски професор.
Евроатланските интеграции се меѓу клучните фактори кои можат да придонесат во подобрувањето на условите за стопанисување во земајва, а со тоа да се привлечат странски инвеститори и да се отворат нови работни места.
Според вицепремиерот Бесими, во тој правец се и реформите за подобрување на бизнис климата и даночните политики, како и изградбата на инфраструктурата.
„Подобрувањето на квалитетот во образованието, исто така, ќе овозможи да имаме млади кои ќе можат да бидат конкурентни на пазарот на трудот, не само во Македонија, туку и во регионот“, изјави Фатмир Бесими – Вицепремиер за евроинтеграции.
Од Стопанската комора на северозападна Македонија велат дека е потребна поголема поддршка за овдешната локална економија. Според нив западна Македонија од секогаш била локомотивата на развојот на целото стопанство.
„Овој регион, јас мислам повеќе од политички причини, што е контрапродуктивно, е заоставена во смисла на развој на одредени параметри“, смета Мендерес Кучи – Претседател на Стопанска комора на северозападна Македонија.
Соработката меѓу државните институции, универзитетите и стопанските комори е клучна за развој на економијата, сметаат експертите. Овие три страни треба да создаваат стратегија со која ќе ги задоволат потребите на бизнисмените, но и на граѓаните.
Зоран Јованоски
