Триумф за историја, македонските фудбалери ја совладаа Германија во Дуизбург

01.04.2021 10:22

За триумфот над четирикратниот светски првак пишуваат и европските спортски гласила. По победите над Германија и Лихтенштајн и поразот од Романија, Македонија на табелата има шест бода.

Во квалификациите за мундијалот во Катар идната година, македонските фудбалери во Дуизбург ја победија Германија со 2 спрема 1. Капитенот Пандев и Елмас ни ја донесоа најспектакуларната победа во нашата фудбалска историја.

За триумфот над четирикратниот светски првак пишуваат и европските спортски гласила. По победите над Германија и Лихтенштајн и поразот од Романија, Македонија на табелата има шест бода.

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, целата заслуга за историскиот триумф (2:1) над Германија ја препиша на неговите избраници.

Моите фудбалери се изборија за овој историски успех. Победивме четирикратен светски и трикратен европски шампион кој имаше 20-годишна традиција без пораз. Кој, ако не ние, односно нашите фудбалери не ја срушат таа традиција. Тие се нашите спортски херои, тоа се истите кои ја кренаа на нозе нацијата по пласманот на Европското првенство. Радувај се Македонијо и слави ги овие херои, вели Ангеловски.

Селекторот на репрезентацијата побара да не се создава еуфорија и како што рече, спуштени на земја да се продолжи понатаму во трката за пласман на Светското првенство, како и настапот на Евро 2020 претстојното лето.