„Фајзер“ почна да се испитува на деца под 12 години
„Важноста на безбедно вакцинирање на деца против Ковид-19 е двојна“- истакна главниот истражувач на студијата, Емануел Валтер. Според него, децата можат да развијат сериозна инфекција, чии последици може да бидат и фатални.

За прв пат во САД, почнува клиничко испитување на вакцината „Фајзер“ и „Бионтек“ на деца под 12 години. Во американскиот институт „Дјук Хелт“ беа имунизирани 9-годишни близначки со првата доза. Во првата фаза на студијата се запишани вкупно 12 деца.
„Важноста на безбедно вакцинирање на деца против Ковид-19 е двојна“- истакна главниот истражувач на студијата, Емануел Валтер. Според него, децата можат да развијат сериозна инфекција, чии последици може да бидат и фатални.
За споредба, ја истакна разликата на морталитетот кај децата кои во текот на изминатата година е многу поголема во однос на вообичаената сезона на грип. Можноста да се вакцинираат е важна компонента за развој на колективниот имунитет -додава Валтер.
