Поддршка на заедничкото живеење во струшкиот регион
Aмбасадите на ОБСЕ и на Швајцарија со силна поддршка на заедничкото живеење во струшкиот регион. Деновиве со градоначалникот Зијадин Села потпишаа меморандум за соработка за надминување на разликите кај населението во секој поглед...

Соживотот е основа за безбедноста на една држава. Не секогаш војската треба да биде алатка за безбедност. Најголем пример е самиот амбасадор кој е католик, неговите деца правослвни христијани, додека неговата жена е муслиманка.
Јазикот треба да биде најмалиот проблем за комуникација и соработка помеѓу луѓето.
„Тука би потсетил дека Швајцарија е еден од главните партнери на Македонија во поглед на техничката поддршка за бројни проекти, во процесот на дијалог и комуникација во заедницата, во стратегијата на соработката. Алатките кои ние ги користиме во процесот на медијација, се оние вистинските во превенирањето од појава на конфликти“, рече амбасадорот Лазарато.
„Треба да се обучуваат луѓето, посебно младите луѓе да не дозволат, или ако сакате, да превенираат да не дојде до конфликти. Треба да ги решаваат конфликтите на мирен начин“, истакна амбасадорот Брет.
Проектот се совпаѓа со целите што ги има зацртано општинската администрација во Општина Струга истакна првиот човек на Општината.
„Проектот се совпаѓа со целите што ги има зацртано општинската администрација за да имаме подобри и побезбедни училишта, но и побезбеден град. Верувам дека и во иднина ќе потпишуваме вакви меморандуми со што ќе им покажеме на нашите граѓани дека се залагаме за соживот и Струга да стане пример за соживот“, изјави градоначалникот Села.
Повеќето македонски граѓани сметаат дека меѓуетничките односи се важни, но мал дел од нив во моментов се загрижени за нив, покажува истражувањето спроведено од Македонскиот центар за меѓународна соработка. Дури 86 отсто од граѓаните сметаат дека меѓуетничките односи се важни за нашата држава.
Јованчо Наумоски
