ДЗС нема да почне со пописните активности на терен
До завршувањето на постапката во Собранието што се очекува многу брзо, Државниот завод за статистика нема да ги отпочне пописните активности на терен...

Со оглед на новонастанатата ситуација во врска со Пописот 2021, а во согласност со Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите, до завршувањето на постапката во Собранието што се очекува многу брзо, Државниот завод за статистика нема да ги отпочне пописните активности на терен.
Како што соопштуваат од заводот, со оглед дека е предвидено Пописот да трае 21 ден, односно до 21-ви април, од Статистика сметаат дека има доволно време сите предвидени пописни активности да се завршат на време.
Во периодот додека се чека разрешница во Собранието, Заводот уште еднаш ќе направи проверка на сите организациско-технички активности на терен за да биде уште повеќе сигурен дека сè е подготвено за евентуално започнување со теренското попишување- стои во соопштението.
