Попис 2021

Досега самопопишани 177.875 државјани во дијаспората

01.04.2021 11:17

На врвот на листата на земји со најмногу попишани граѓани е Швајцарија со 58.067 и Германија со 40.400 лица.

До утрово во 8 часот се самопопишале 177.875 лица од дијаспората, државјани на Македонија, соопштуваат од Државниот завод за статистика. На врвот на листата на земји со најмногу попишани граѓани е Швајцарија со 58.067 и Германија со 40.400 лица.

На трето место според бројот на попишани македонски државјани повторно е Италија со 2.618 лица, а следува Австрија со 10.433 лица. Во земјите каде има голема македонска дијаспора пак, во САД се сапомопишале само 7.484 лица, Австралија 2.227 и во Канада 1.591 лице.

Иако законското решение за одложување на пописот во земјава сѐ уште не е донесено, според политичкиот договор, дијаспората непрекинато ќе се попишува до 30-ти септември.