Филипче: Во салата „Борис Трајковски“ дневно ќе се вакцинираат околу 5.000 граѓани
Подготвени се вкупно 48 позиции за истовремено вакцинирање и капацитет да се вакцинираат околу 5.000 граѓани дневно. Согласно планот ќе се работи во две смени од 08:00 до 20:00 часот, напиша Филипче...

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на својот Фејсбук профил објави дека подготовките на салата „Борис Трајковски“ каде што ќе се извршува масовна вакцинација се при крај.
„Се финализираат подготовките на салата „Борис Трајковски“ каде ќе се врши масовна вакцинација. Подготвени се вкупно 48 позиции за истовремено вакцинирање и капацитет да се вакцинираат околу 5000 граѓани дневно. Согласно планот ќе се работи во две смени од 08:00 до 20:00 часот. Вакцинацијата која вчера започна на вакциналните пунктови ширум државата се одвива одлично“, напиша министерот за здравство Венко Филипче.
