Четворица убиени во напад во Калифорнија
Напаѓачот е ранет како одговор на полицијата која излегла на местото на инцидентот, но деталите за мотивот засега се непознати.

Четири лица се убиени, меѓу кои и едно дете, при оружен напад во бизнис зграда југоисточно од Лос Анџелес, Калифорнија. Напаѓачот е ранет како одговор на полицијата која излегла на местото на инцидентот, но деталите за мотивот засега се непознати.
„Можам да кажам, дека ова е многу безбеден град и вакви работи не се случуваат често. Поминаа многу, многу години пред да се случи ваков инцидент“, изјави Џенифер Емет, портпарол на полициското одделение во Оринџ.
Минатата недела сличен инцидент беше регистриран во американската сојузна држава Колорадо, кога беа убиени 10 лица во напад во супермаркет. Претходно осум жртви беа регистрирани во инцидент во Џорџија.
