Ковид-19
За вакцинација упат од матичен лекар и документ за соглaсност
01.04.2021 12:46
Лицата кои се вакцинираат против Ковид-19 во земјава со себе мора да носат упат од матичен лекар и пополнет документ за согласност...

На веб страницата kovid19vakcinacija.mk можете да го најдете документот „COVID19 Согласност за вакцинација“, кој е задолжителен документ за секое лице кое сака да биде вакцинирано.
Согласноста може да биде пополнета претходно, но истата се наоѓа и на пунктовите за вакцинација каде може директно да се пополни и да се приложи, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
Министерот посочува, сите кои имаат можност, да го преземат и пополнат документот пред да дојдат на закажниот термин за вакцинација со цел да се избегне метеж и чекање.
