Вакцинација Букурешт

Вакцинацијата кај старите лица над 77 години продолжува

01.04.2021 12:54

Имунизацијата продолжува кај старите лица над 77 години. Засега стопирана имунизација со вакцината кај помлади од 60 години. Светската здравствена организација и Европската агенција за лекови остануваат на ставот, „АстраЗенека“ е безбедна за сите возрасни групи...

На трите пункта во Скопје непрекинато тече вакцинацијата на граѓаните над 77 годишна возраст со „АстраЗенека“. Интересот голем. Само 2 насто од пријавените преку „Мој Термин“ не дошле да се боцкаат. Велат дека не се плашат од несакани ефекти, а најголем дел од нив веднаш по аплицирањето на вакцината изјавија дека се чувствуваат одлично.

Во еден пункт дневно се вакцинираат од 30 до 55 лица. Во поликлиниката Букурешт вчера 140 пациенти ја примиле вакцината. Не се забележани несакани ефекти.

Со вакцината на „АстраЗенека“ засега нема да се вакцинираат лицата под 60 години. Покрај Германија и Канада, Македонија е трета земја која времено ја запре имунизацијата за помладата популација. Се чекаат анализите од Агенцијата за лекови Малмед, но и од Германија. Европската агенција за лекови го повтори ставот, „АстраЗенека“ е безбедна.

Месецов се очекува да пристигнат уште 76.000 вакцини „АстраЗенека“ преку Ковакс механизмот, како и вакцините од Кина. Од утре започнува вакцинација и низ другите градови во Македонија.

Александра Спировска