Пораз на шампионот во Бостон, драмата во Тексас за Маверикс
20.03.2014 10:56
Сан Антонио славеше против Лејкерс во последниот меч од синоќешната понуда, Пистонс беа совладани од Денвер, Феникс дома го победи Орландо.
Селтикс го искористија отсуството на Леброн Џејмс и го совладаа шампионот, со 101:96. Џеф Грин погоди тројка при 94:94, на 2:32 до крајот на мечот, потоа Ражон Рондо претвори две контри во поени, по што веќе беше јасно дека Бостон ја прекинува низата од 5 порази во меѓусебните дуели со Мајами.

Минесота и Далас играа продолжение, по кое се радуваа гостите, со 123:122 во натпреварот со најмногу поени во синоќешната НБА понуда. Тимбервулвф имаа и 22 поена предност во текот на мечот. На крајот, Кевин Лав реализира 35 поени со 8 скокови, за 41 минута на паркетот. Рики Рубио оствари трипл дабл со 22 поена, 15 асистенции и 10 скокови, дополнети со 4 украдени топки што е само трет таков учинок во историјата на НБА лигата (по Крис Пол и Андре Милер).
Тони Паркер постигна 25 поени, Каваи Ленард додаде 22 поена со 10 скокови, во 7-та последователна победа на Сан Антонио против Лејкерс (109:125) и вкупно 11-та победа во тековната серија на Спарс. Детроит последен пат славеше на гости на 19 декември, а за поразот на Пистонс во Колорадо е виновен Арон Брукс. Бекот на Нагетс имаше 27 поени со 17 додавања, во триумофт 118:109. Санс триумфираа против Меџик (109:93), а најдобар поединец кај победникот беше Горан Драгиќ со 18 поени и со 6 асистенции.
На другите средби:
Њујорк – Индијана 92:86
Филаделфија – Чикаго 94:102
Мемфис – Јута 96:86
Њу Орлеанс – Торонто 100:107
Бруклин – Шарлот 104:99