Здравство

Модуларната болница во Штип ставена во употреба

01.04.2021 14:43

Модуларната болница во Штип денес почна со работа со целосно исполнет капацитет за 47 пациенти. Заради централниот довод на кислород ќе се олесни работата на здравствениот кадар, а има и подобри услови за лекување на пациентите кои последните денови имаат сѐ потешка клиничка слика и сѐ пониска старосна граница...

Од денес ставена е во употреба модуларната болница во Штип. Со капацитет за 47 пациенти, ќе го намали притисокот на досегашното инфективно, кожно, кардиолошко и одделот за интензивна нега, каде во моментот се лекуваат над 70 пациенти, од кои 45 на кислородна поддршка. Од почетокот на неделата бројот на пациенти во штипската болница е зголемен, а пациентите се со сѐ потешка клиничка слика.

Расте бројот на пациенти кои се на кислородна поддршка, опаѓа старосната граница на хоспитализираните во ковид- центарот во Штип.

Граѓаните да ги почитуваат мерките и да бараат лекарска помош по првите симптоми - апелира градоначалникот.

Модуларната болница во Штип веќе од денес е целосно исполнета со потешките пациенти, останатите се лекуваат на инфективното одделение.

Славица Величковска