Измените на Законот за попис и за Изборниот законик ќе се носат по скратена постапка

01.04.2021 15:02

Во Собранието пленарка за измени на Законот за попис и за Изборниот законик, по скратена постапка. Иако пописот формално стартуваше денеска, попишувачите не излегоа на терен. Коалицијата Алијанса за Албанците- Алтернатива, против одложување на пописот...

Почна пленарната седница за измена и дополнување на Законот за попис на населението и за Законот за промена на Изборниот законик. Пратениците согласни двата закони да се носат по скратена постапка. Против измените на Законот за попис гласаа само седум пратеници, додека кај измените на Изборниот законик сите 102 пратеници гласаа „за“, односно одлуката се донесе едногласно.

На ред е Комисијата за европски прашања да расправа за Законот и потоа истиот да се гласа на пленарна седница.

Измените во Законот за попис предвидуваат пописот да се одложи за септември, а измените во Изборниот законик  треба да овозможат на локалните избори да се користи отисок од прст при гласањето и да бидат одложени изборите за крајот на октомври, односно почетокот на ноември, поради поместувањето на пописот.