Нов земјотрес во Мавровскиот регион

01.04.2021 15:28

Според информациите од Европскиот сеизмолошки центар, епицентарот бил на 60 километри од Скопје и на 15 километри до Гостивар...

Земјотрес со јачина од 3,2 степени по Рихтер попладнево е регистриран во близина на Мавровското Езеро.

Според информациите од Европскиот сеизмолошки центар, епицентарот бил на 60 километри од Скопје и на 15 километри до Гостивар, на длабочина од 2 километри, а се случил точно во 15.05 часот.