Новите згради ќе бидат со гасна инсталација

20.03.2014 11:16

Гасификацијата на метрополата неминовно ќе предизвика менување на регулативата за просторно планирање и на законот за градење...

Досега инвеститорите беа задолжени да инсталираат: електрична, грејна, водоводна, канализациска, а некаде и кабелска мрежа. Во иднина токму тие ќе треба да ја проектираат и да ја изградат гасната инсталација и да ги приклучат колективните станбени згради на секундарната гасоводна мрежа.

„Сега е моментот да бидеме условени да ја направиме секундарната мрежа. Да се знае каде ќе биде гасната станица, како да дојдеме до зградите. Тоа се големи ДУП-ови“, вели Љупчо Борташев од ГП „Бортас“.

Се размислува за целосно нов концепт за просторно планирање каде што целата постапка ќе оди по електронски пат, најави ресорниот министер, прифаќајќи ги сугестиите на градежните компании. 

„Размислувавме за ова и добро е што ни го потврдувате размислувањето во идните планови да се предвиди пред се примарната мрежа. Има позитивни и негативни  аспекти за секундарната бидејќи не е добро на идниот инвеститор да му даваме уште од сега детали каде да биде секундарната од аспект на сопственоста, смета министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Трошокот за гасификација на новите станбени објекти би бил околу 50 евра за квадрат.  Градежниците предлагаат да бидат стимулирани преку намалување на комуналиите за  приближно 20%, а најголем ќар би имала државата, преку намалување на трошоците за набавка на енергија од увоз.

 

Свето Николовски