Светска банка: Македонската економија годинава ќе порасне за 3,6%

02.04.2021 10:08

Послабиот раст се должи на корона кризата. Во пролетниот извештај стои дека економиите од Западен Балкан, од стартот на 2021-ва се најтешко погодени...

Македонската економија годинава ќе порасне за 3,6%, а следната за 3,5%, покажуваат најновите прогнози на Светска банка. Послабиот раст се должи на корона кризата.

Во пролетниот извештај стои дека економиите од Западен Балкан, од стартот на 2021-ва се најтешко погодени, со најголем број новозаболени на ден, што далеку го надминува просекот во Европа и Централна Азија.

Најголем раст годинава ќе забележи Црна Гора од над 7%, но тоа се должи на споредбата со лани кога БДП во оваа земја падна за близу 15%, или најмногу во регионот.