СЗО: Да се забрза производството на вакцини во Европа

02.04.2021 10:13

„АстраЗенека“ останува во центарот на вниманието во трката за вакцини...

Светската здравствена организација инсистира да се забрза производството на вакцини во Европа бидејќи имунизацијата се одвива со забавено темпо.

„АстраЗенека“ останува во центарот на вниманието во трката за вакцини. Главниот американски специјалист за инфективни болести, Ентони Фаучи изјави дека дури и да биде одобрена од американскиот здравствен регулатор, неговата земја веројатно нема да ја употребува.