Собрание

Законските корекции на пописот на пленарна седница

02.04.2021 12:41

Измените на законот го минаа и филтерот на Законодавно- правната комисија, а вчера и амандманската расправа на Комисијата за европски прашања. Народните избраници треба да дадат зелено светло, статистичката операција да се одложи за септември, да почне на 5-ти и да трае до 30-ти...

Во 15 часот, на пленарна седница ќе се најдат законските корекции за пописот. Народните избраници треба да дадат зелено светло, статистичката операција да се одложи за септември, да почне на 5-ти и да трае до 30-ти.

Измените на законот го минаа и филтерот на Законодавно- правната комисија, а вчера и амандманската расправа на Комисијата за европски прашања.

Одложувањето на пописот беше договорено на лидерската средба Заев- Мицкоски.

На дневен ред на денешната пленарна седница, според најавите на собранискиот спикер Џафери, треба да се најде и Изборниот законик.