Заев: Дијаспората е нашиот народ, важно е сите да се попишеме
Заев уште еднаш апелира до граѓаните дека е важно секој да се попише.

Ние го попишуваме целиот народ, без разлика дали живее дома или е надвор од државата повеќе од една година, изјави денеска премиерот Зоран Заев
„Не е во ред да ни треба дијаспората кога треба да гласа, а да не ни треба кога ни дава пари, кога треба да ја попишеме, кога помага на домаќинствата. Дијаспората е нашиот народ. Денеска е надвор, утре ќе е тука. Може некој од нас утре ќе е надвор, а дијаспората ќе е тука. Тоа е нашиот народ“, изјави премиерот Заев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека дијаспората треба да се евидентира, а не да се попишува.
Заев уште еднаш апелира до граѓаните дека е важно секој да се попише.
ВМРО ДПМНЕ нема да ги признае податоците за пописот кои што не се во согласнот со методологијата и на Еусростат, велат од партијата. Според лидерот Мицкоски, операцијата е само за резидентно население кое што живее во државава во време на одржување на операцијата, а иселениците со македонско државјанство не треба да се попишуваат.
