Здравство

Филипче: Нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки

02.04.2021 13:37

Министерот потенцира дека благодрение на брзата прераспределба и брзата реорганизација на системот на ротација, здравствените работници добро го амортизираат сегашниот ковид-удар.

Нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки, болничките капацитети се справуваат со третманот на пациенти, кадар има, се врши негова соодветна распределба во ковид- центрите, тврди министерот Филипче.

Имаме балансирани мерки. Тоа значи дека има рестрикција во движењето затоа што дететктиравме дека по затворањето на угостителските објекти, многу млади се собираа по отворени површини и тука воопшто не се почитуваа превентивните мерки. Имаме важечки рестриктивни мерки насекаде, за сите објекти, сали и собири и угостителските објекти и не сме виделе никаде проблем каде превентивните мерки се почитувааат. Секогаш е проблемот кога не се почитуваат мерките, истакна Филипче.

Министерот потенцира дека благодрение на брзата прераспределба и брзата реорганизација на системот на ротација, здравствените работници добро го амортизираат сегашниот ковид-удар.

Филипче вели дека друг случај на компликации од вакцинирањето со „АстраЗенека“ нема, 28 годишната девојка  која што ја прими вакцината во Србија, се чувствува добро. До крајниот став на ЕМА, со овие дози ќе се имунизраат само оние над 77 години.