Средба за враќање на САД во Нуклеарниот пакт
Комисијата на иранскиот нуклеарен пакт одлучува за враќање на САД во спогодбата од 2015-та. Администрацијата на Бајден сака компромис за спроведување на договореното. Од ова зависи и укинувањето на економските санкции...

Заедничка комисијата на иранскиот Нуклеарен пакт на виртуелна средба за можното враќање на САД во спогодбата од 2015 година. Кина, Русија, Франција, Германија и Британија целат кон целосно почитување на обврските од сите страни се неведува во соопштението на Европската унија .. Администрацијата на претседателот Џо Бајден сака да го вклучи Иран во разговорите за да се најде компромис за повторно спроведување на договореното. Економските санкции ќе се укинат ако ја ограничи нуклеарната програма. Техеран и натаму тврди дека е наменета за мировни цели, а не вооружување.
„Состанокот е позитивен чекор бидејќи со недели потенциравме дека сме подготвени да направиме напор да им се вратиме на обврските од Пактот, доколку и Иран го прави истото. Зборувавме и со нашите партнери во контекст на П5+1, но и на друго ниво, дека ова најдобро ќе се постигне преку преземање заеднички чекори. Разгледавме и опции за индиректни разговори преку европските партнери“, изјви Нед Прајс, портпарол на Стејт департментот.
Во меѓувреме, Меѓународната агенција за атомска енергија јавува за нова отстапка од Иран. Откако го зголеми процентот над дозволениот лимит и им го ограничи пристапот нма инспекторите од МААЕ согласно законот што го усвои по убиството на главниот нуклеарен научник во земјата., во постројката во Натанз почна да користи посовремен модел на центрифуга. Серијата отстапки почна во 2018 година како резултат на повлекувањето на САД од Договорот и санкциите од Вашингтон.
Маја С. Филдишев
