Животна средина

Граѓаните секојдневно пријавуваат загадувачи преку платформите

02.04.2021 14:19

Пријавите најчесто се однесуваат на цврстиот отпад. Од инспекторатот велат дека само минатата недела добиле 94 пријави, од кои 14 биле во нивна надлежност. Останатите, велат, ги препраќаат до надлежните институции.

Граѓаните секојдневно пријавуваат загадувачи преку отворените платформи од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Пријавите најчесто се однесуваат на цврстиот отпад. Од инспекторатот велат дека само минатата недела добиле 94 пријави, од кои 14 биле во нивна надлежност. Останатите, велат, ги препраќаат до надлежните институции.

Од инспекторатот апелираат на подобра законски регулитива и организација на мрежата на државни и локални инспектори, бидејќи само така може да се покријат сите загадувачи. Во моментов, велат, еден од најголемите предизвици се локалните загадувачи, бидејќи во една третина од општините нема овластени инспектори.

Од инспекторатот информираат и дека побарале нови 13 вработувања, од кои 12 инспектори и еден правник. Недостатокот на инспекциски кадар е најголем во Скопје, бидејќи тука се наоѓаат најоглемите инсталации.

Од државниот инспекторат информираат и дека како резултат на инспекциските постапки изминатиов период, вградени се филтри во „Пејпер мил“, во асфалтната база „Кооп инжинеринг“, а изведени се и докази за концесијата во Средно Коњаре.

Марија Котовска