10,7% од фирмите во февруари не исплатиле плата
10,7 насто од фирмите во државава доцнат со исплата на плати чекајќи ја финансиската поддршка од петтиот пакет мерки, заглавен во собраниска процедура. Управата за јавни проходи испратила само опомени и до оние над 130 компании кои земале пари, а не ги распределиле на вработените...

Компаниите, самостојните вршители на дејност и самовработените што искористиле финансиска поддршка во периодот април- јуни, односно октомври- декември лани, ќе треба да вратат вкупно 18,5 милиони евра. Практично ќе треба да се вратат меѓу 10,6 и 17% од примените државни пари, во зависност од периодот кога е користена и од намената, дали се искористени средства за исплата на плати или пак за плаќање на придонеси. За оние што инвестирале повеќе од примената подршка, обврската ќе биде претворена во грант.
„Корисниците на финансиската поддршка за исплката на плати за месеците април, мај и јуни 2020-та година кои што ќе докажат дека финансиски средства во износ еднаков или поголем од износот на добиени финансиска поддршка искористиле за инвестиции во вработени, во оперативно подобрување на компанијата или продуктивен капитал под услови определени во владината уредба, можат да поднесат барање за претворање на финансиската поддршка за исплата на плати во грант“, изјави Сања Лукаревска- директор на Управата за јавни приходи.
Одговарајќи на новинарски прашања Лукаревска појасни дека за февруари 2021-ва 10,7 насто од фирмите не исплатиле плата. Дел од нив ја очекуваат најавената финанскиска поддршка од најновиот пакет мерки што сѐ уште е во собраниска процедура. Сепак има и 161 работодавец што не исплатил плата, а веќе добил буџетска поддршка и за нив УЈП ги презел сите законски мерки. За првите три месеци од оваа година УЈП наплатила приходи од 335 милиони евра, натфрлање има кај данокот на добивка за 1,76% и кај ДДВ-то за 4,71%, додека пад има кај данокот од личен доход за половина процент во однос на планот.
„Ако се споредат наплатените даноци од март 2021-ва со март 2020-та, се гледа дека кај данокот на добивка има намалување за 1,32%, кај данокот од личен доход има зголемување за 12,55% и кај ДДВ има раст за 29,5%“, вели Лукаревска.
Делот од добиената финансиска поддршка даночните обврзници ќе треба да го враќаат во три месечни рати во периодот април- јуни за првиот пакет, односно октомври- декември 2021-ва за вториот пакет на помош.
Свето Николовски
