Бесими во Брисел на средба со Филе
Акцент ќе биде ставен на статусот на реализација и идните приоритети во делот на слободата на изразување и владеење на правото, приоритетите од пристапниот дијалог на високо ниво, како и степенот на искористеност на ИПА фондовите...

Заменик претседателот на владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, денеска ќе престојува во Брисел, каде што ќе оствари средба со еврокомесарот за проширување Штефан Фуле.
Вицепремиерот Бесими на средбата ќе се осврне на остварените реформи и предизвици со кои се соочува Република Македонија на патот кон Европска унија.
Акцент ќе биде ставен на статусот на реализација и идните приоритети во делот на слободата на изразување и владеење на правото, приоритетите од пристапниот дијалог на високо ниво, како и степенот на искористеност на ИПА фондовите во периодот 2007-2013 година.
