Започна имунизацијата во тетовско
Започна имунизацијата за граѓаните од тетовско на возраст над 77 години, со вакцината „АстраЗенека“. За Тетово и останатите пет рурални општини од овој регион испратени се 800 дози. Вакцините ќе бидат дистрибуирани и во наредниот период сукцесивно, во зависност од потребите и количините...

Љубица и Витомир беа меѓу првите граѓани од тетовско кои се вакцинираа. За време на пандемијата не биле инфицирани. Внимавале, ги почитувале препораките, но без вакцини не можеш да се заштитиш кога вирусот се шири со брза трансимисија. Имунизација е многу важна, велат. Има разни гласини за вакцините, но само информациите на докторите и здравстените власти се доверливи, а тоа е дека сите вакцини се проверени.
За денеска се дистрибуирани 80 вакцини за Здравствениот дом Тетово, наменети за пациенти од градот и петте рурални општини. Еден од нив 90 годишниот Сали Салиу, од тетовско Одри.
Вакцинацијата тече во најдобар ред, велат од вакциналниот пункт. По примената прва доза за закажува термин за ревакцинација.
За имунизацијата над 77 години за тетовскиот регион се испратени 800 дози. Дистрибуцијата на вакцините ќе продолжи сукцесивно.
Последниве неколку недели се зголемува интересот за имунација на жителите од тетовско, од каде има пријавени над 5.300 граѓани за вакцинација.
Зоран Димовски
