Армијата вратена на јужната и северната граница
Претседателот Пендаровски донесе одлука за анагажирање на Армијата на северната и на јужната граница, по владиниот заклучок за кризна состојба поради висок ризик од зголемен обем на влез и на транзитирање на мигранти. Министерот Спасовски уверува, безбедносната состојба на грчката граница е мирна, стабилна и е под контрола...

Вчера Владата донесе одлука за продолжување на кризната состојба на дел од територијата на државата за да се спречи транзитирање на мигранти. По оваа одлука и претседателот на државата Пендаровски, денеска ја врати војската на јужната и на северната граница.
Неколку години наназад со доаѓањето на пролетта се забележуваа поголеми илегални движења на мигранти од Блискиот Исток кои преку јужната граница влегуваа во земјава и преку северната, бараа премин кон Европа. Сега по прогласувањето на пандемијата, ризиците и од оваа појава се речиси незабележителни.
Нема предизвици за нов бран за миграција на јужната граница. Состојбата е стабилна и под контрола, истовремено не постојат ризици по безбедноста на земјава, порача министерот за внатрешни Спасовски на денешната посета во Дојран, каде оствари средба со раководството на СВР Струмица под чија надлежност е и полициската станица.
Околу 200 илегални мигранти само во изминатиот месец беа фатени на територија на земјава. Најголемиот ден од нив во три наврати се затекнати во Штип.
Стојне Митева
