Здравствениот систем се справува со ковид- бранот
Се соочуваме со пикот, нема знаци за ризик од експлозивен раст на заразени, здравствениот систем е под притисок, но засега нема потреба од воведување дополнителни рестрикции, уверува министерот Филипче. Проширени се капацитетите за лекување болни со ковид во Прилеп. Отворена е модуларната болница...

Здравствениот систем е под голем притисок, но со прераспределбата на медицинскиот кадар во болниците, се амортизира овој најнов ковид- удар. Засега не се потребни нови рестриктивни мерки, но постојните треба да се почитуваат, порача министерот за здравство Венко Филипче од Прилеп. Во функција е ставена модуларната болница, во градот кој континуирано е во врвот по бројот според бројот на заболени во земјава.
Модуларната болница во Прилеп со 35 легла е една од 19-те во земјава во 16 општини со вкупно 600 легла. Во функција е за амортизирањето на заразата, зашто Прилеп ги исполни капацитетите.
Имунизацијата, како главна заштита на населението, за два дена во Прилеп донесе 150 вакцинирани граѓани над 77 години. Нема компикации од вакцинирањето со „АстраЗенека“, потврдуваат од Министерството за здравство, а со новите вакцини кои пристигнуваат во државава апелот е граѓаните масовно да се пријават за имунизација.
Во меѓувреме, додека е пикот на големиот бран за наредните 15-ина дена, градските власти со апел до сите здравствени работници- да помогнат.
Во петте ковид оддели во болницата се 128 пациенти и уште речиси толку се на дневна терапија.
Елизабета Митреска
