Енергетика

Пуштен во употреба 400 киловолтен трансформатор

02.04.2021 15:31

Пуштен е во употреба нов трансформатор во трансформаторската станица Битола 2, инвестиција на МЕПСО вредна 2,4 милиони евра …

Уште една значајна алка во зацврстувањето на електропреносниот систем на земјава. Во употреба е ставен новиот 400 киловолтен трансформатор во трафостаницата Битола 2. Трансформаторот е од круцијално значење за целиот електроенергетски и преносен систем. Современиот трансформатор со инсталирана моќност од 300 мегаволтампери е сопствена инвестиција на АД МЕПСО во висина од 2,4 милиони евра. Инвестициски зафат кој според местоположбата на трафостаницата е значајна клучка во домашното и поврзувањето со земјите од опкружувањето.

Од тука за многу кратко време ја започнуваме и досега најголемата регионална инвестиција вредна над 35 милиони евра, а тоа е изградбата на трафостаницата во Охрид, односно изградбата на интерконективен далновод од Битола до Елбасан.

Ги потпишавме и договорите за инвестиции во Александрополис со што ја осигуривме енергетската иднина на нашата држава, а поврзувањето со Република Албанија ќе биде алката што недостигаше во иницијативата за изградба на коридорот за пренос на електрична енергија, во правецот Исток-Запад порачаа владините претставници.

Стевче Митревски