Одбрана

Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада

02.04.2021 15:44

Одбележан денот на Првата пешадиска бригада. За овие припадници на Армијата, најголем предизвик е чувањето на јужната граница и спречувањето обиди за илегално минување...

Со свечена церемонија, интонирање на химната и едноминутен молк за сите припадници на бригада кои го загубиле животот, одбележан Денот на Првата пешадиска бригада на Армијата. За време на епидемијата, оваа бригада е ангажирана за многу активности, но најголем предизвик ѝ е чувањето на јужната и северна граница.

Само лани спречивте околу 1.400 обиди за илегално минување на границата. Со околу 300 интервенции во граничниот регион кај Гевгелија, ја заштитивте и ја одржавте функционална безбедносната ограда, рече министерката Шеќеринска.

Министерската се осврна и на тоа дека улогата на Првата пешадиска бригада е клучна и за нашето членство во НАТО, потенцирајќи дека баталјонот се обучува според највисоките стандарди.

 

Ана Јосифоска Тодоровска