Прилеп: Штитениците во старскиот дом чекаат вакцини
Две третини од станарите на прилепскиот старски дом веруваат дека вакцините се единствениот лек. Пријавени се одамна и со нетрпение ја чекаат вакцинацијата. Од Министерството за здравство со ветување дека деновиве ќе дојде мобилен вакцинален тим...

Станарите на прилепскиот старски дом се чуваат и чекаат вакцини. Со месеци се изјаснети. 87 од 115-те штитеници се уверени дека единствен лек за нив се вакцините. Сѐ уште не дошле, секојдневно се во исчекување.
Од Министерството за здравство велат – вакцинацијата почна во Дом за стари лица во Скопје, деновиве - во другите домови во земјава, ама тоа ќе биде со теренски екипи, а не преку посебен вакцинален пункт. И тоа, по работното време на пунктот во здравствените домови. Во прилепскиот дом се среќни што во моментов нема заразени штитеници кои се во ризичната група.
Во Прилеп, за два дена се вакцинирани 150 граѓани над 77 години со пратката од 900 вакцини на „АстраЗенека“.
Елизабета Митреска
