„Пијанизам/ Хероизам“ на Македонска филхармонија со Андреј Коробејников
Оркестарот на Македонската филхармонија ќе настапи под водство на шармантниот Саша Николовски – Ѓумар, а како солист на пијано ќе се претстави Андреј Коробејников, водечки пијанист на младата генерација...

Македонската филхармонија вечер во Салонот на МОБ ќе одржи концерт насловен Пијанизам/Хероизам.
По долго време македонската публика ќе има можност да слушне две исклучителни дела од железниот репертоар: легендарната Симфонија бр. 3 „Ероика“ од титанот на симфониското творештво Лудвиг ван Бетовен и величествениот Концерт за пијано и оркестар бр. 2 од Јоханес Брамс, најголемиот предизвик на пијанистите.
Оркестарот на Македонската филхармонија ќе настапи под водство на шармантниот Саша Николовски – Ѓумар, а како солист на пијано ќе се претстави Андреј Коробејников, водечки пијанист на младата генерација.
Коробејников е победник на натрпеварите „Александар Скрјабин“ и „Рахмањинов“ во Лос Анѓелес. Тој исто така е добитник на многубројни награди за своите компакт-дискови, а од конзерваториумот „Чајковски“ во Москва е прогласен за „музичар на деценијата“.
