Почнува масовната имунизација
Во A1 арената, спортски центар „Борис Трајковски“ почнува вакцинацијата на вработени во МВР, Aрмијата, новинари, службите во Град Скопје и на луѓето со хронични болести. Закажани се 3.000 термини на 48 вакцинални пунктови. Имунизацијата ќе се врши со руската вакцина „Спутник В“, која земјава ја доби како донација од Србија...

Масовната имунизација на населението против Ковид-19 во земјава официјално почнува денеска во А1 Арената. Закажани се термини за 3.000 граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со руската вакцина „Спутник В“. Ќе бидат имунизирани лица од критичната инфраструктура- вработени во МВР, АРМ, новинари, возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработени на патарини и други.
Според планот за имунизација, вакцинацијата со 20.000 руски вакцини „Спутник“, донација од Србија, ќе се одвива на 48 пункта. Ќе има тим од 20-ина медицински сестри и пет доктори во две смени. Во салата одредени се места каде вакцинираните ќе бидат под опсервација 15 до 20 минути. На самото место ќе има екипи на Итна медицинска помош, доколку има потреба да интервенираат.
Минатата недела почна вакцинацијата на лица над 77 години со вакцините на „Астра Зенека“. Лицата помлади од 60 години, засега нема да се вакцинираат со оваа вакцина.
