Бугарија

Борисов ја повика опозицијата за формирање влада

05.04.2021 10:20

Борисов ги повика неговите противници да ги здружат силите, навестувајќи ја идејата за формирање влада.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, на чело на централно-десничарска партија Герб, според првичните информации е победник на парламентарните избори во земјата.

Борисов ги повика неговите противници да ги здружат силите, навестувајќи ја идејата за формирање влада.

Борисов минатата година се соочи со антивладени протести со барање за негова оставка поради корупцијата во земјата.