Вакцинираните не го пренесуваат вирусот
Според најновите откритија, ризикот од пренесување на коронавирус кај лица кои биле вакцинирани, не подоцна од 15 дена по приемот на втората доза на вакцина е помал отколку кај луѓето со негативен тест за коронавирус.

Германскиот епидемиолошки институт „Роберт Кох“ објави дека луѓето вакцинирани против коронавирусот немаат никаков ризик од пренесување на инфекцијата.
Веднаш потоа германскиот министер за здравство Јенс Спан објави мерки за вакцинираните. Според најновите откритија, ризикот од пренесување на коронавирус кај лица кои биле вакцинирани, не подоцна од 15 дена по приемот на втората доза на вакцина е помал отколку кај луѓето со негативен тест за коронавирус.
Според институтот, луѓето кои примиле втора доза на вакцина треба да бидат изземени од задолжителни тестови и карантин.
